Македонска и грчка компанија во трка за „Чебрен“ и за „Галиште“

Bez autora
Dec 10 2012

Домашната компанија „Балкан енерџи груп“ и грчката државна фирма ПЦЦ се двете компании што до сега подигнале тендерска документација за изградба на големите хидроелектроцентрали на Црна Река „Чебрен„ и „Галиште“. Ова е седмиот по ред обид на Bладата да најде инвеститор за најголемиот стопански проект во земјава вреден над 500 милиони евра. За разлика од претходно, овој пат целата процедура е под надлежност на Министерството за животна средина наместо под Министерството за економија. Другата битна разлика е тоа што овој пат најголеми шанси да го добие тендерот ќе има оној инвеститор што ќе понуди најголем удел на домашната компанија „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) во новата заедничка фирма, која ќе се формира, при што тоа најмалку треба да бидат 39 отсто. Повикот за подигање на документацијата с` уште трае и ако има заинтересирани странки, рокот може да биде и одложен.

Македонска и грчка компанија во трка за „Чебрен“ и за „Галиште“Домашната компанија „Балкан енерџи груп“ и грчката државна фирма ПЦЦ се двете компании што до сега подигнале тендерска документација за изградба на големите хидроелектроцентрали на Црна Река „Чебрен„ и „Галиште“.

Ова е седмиот по ред обид на Bладата да најде инвеститор за најголемиот стопански проект во земјава вреден над 500 милиони евра. За разлика од претходно, овој пат целата процедура е под надлежност на Министерството за животна средина наместо под Министерството за економија. Другата битна разлика е тоа што овој пат најголеми шанси да го добие тендерот ќе има оној инвеститор што ќе понуди најголем удел на домашната компанија „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) во новата заедничка фирма, која ќе се формира, при што тоа најмалку треба да бидат 39 отсто.

- Повикот за подигање на документацијата с` уште трае и ако има заинтересирани странки, рокот може да биде и одложен - вели Сашо Секуловски, портпарол во Министерството за животна средина.

Главна забелешка на претходните тендери беше преголемата висина на браните поради што експертите предупредуваа дека проектот е економски неисплатлив. Сега е најавено дека браните ќе може да бидат пониски ако ја исполнат предвидената моќност на произведената струја од 333 мегавати за ХЕЦ „Чебрен“ и 197 мегавати за ХЕЦ „Галиште“. Во целиот пакет повторно влегува и ХЕЦ „Тиквеш“, која ќе стане дел од новата компанија со концесијата од 52 години.

За подигање на тендерската документација заинтересираните фирми плаќаат по 5.000 евра, а советник при тендерот повторно е Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), која е дел од Светската банка. Предвидено е хидроелектроцентралите да се пуштат во употреба седум години од почетокот на изградбата.

Експертите посочуваат дека изградбата на големите хидроелектроцентрали треба да биде во согласност со Законот за водите, односно со европското законодавство. Овој закон предвидува водата примарно да се употребува за пиење и за водоснабдување, потоа за прехранбената индустрија, па за наводнување, екологија и на крајот за енергетика.

- Ние сме потписници и на Хелсиншката конвенција за меѓународни води, според која точно се знае кој е минималниот истек на води што треба да тече на меѓуграничните премини, во случајот меѓу Македонија и Грција, бидејќи Црна Река е притока на Вардар - вели експертот за хидроенергија Јордан Ставров.

Тој додава оти Македонија исто така е потписник и на Барселонската конвенција, која предвидува еколошки стандарди на минимално загадување на реките, особено на Вардар, која се влева во Егејското, односно Средоземното Море.

Според тендерските услови објавени во Службен весник, заедничката компанија ќе тргува со струја по пазарни цени, кои нема да надминуваат 85 отсто од оние при продажбата и 115 отсто при откупот на електрична енергија. ЕЛЕМ ќе обезбеди струја за производство во електроцентралите во текот на вечерните часови, од полноќ до 7 часот наутро во период од девет години. Струјата од ЕЛЕМ ќе се купува за 25 евра за мегават-час плус годишниот просечен раст на цената на електричната енергија според одлуките на Регулаторната комисија за енергетика.

Сите досегашни тендери за „Чебрен“ и за „Галиште“, како најголема инвестиција во историјата на независна Македонија, вкупно траат околу седум години. На првите два обида најзаинтересирани инвеститори беа германски РВЕ и италијански ЕНЕЛ, но се откажаа од оваа инвестиција по светската економска криза. При последниот обид најсериозни кандидати беа кинеската државна компанија ЦВЕ и грчката ПЦЦ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik